Нант вечерва победи со 2-0 против Тулуз во рамки на францускиот Куп и се пласираше во четвртфиналето.
Натпреварот повторно мина во емотивна атмосфера, а по победата фудбалерите на Нант заминаа кај своите најверни навивачи. Овој пат имаше една поинаква подршка, за еден од најдобрите другари на Емилијано Сала, кој и натаму се води како исчезнат по авионската несреќе од пред две недели.
Централниот дефанзивец, Никола Палоа бил еден од најблиските другари на Емилијано Сала. Тој дури и го одвел на аеродром на кобниот ден. Палоа бил скршен откако исчезнал авионот на неговиот другар па навивачите вечерва сакаа да му покажат дека се со него во овие тешки моменти и го скандираа неговото име. Дефанзивецот во чест на Емилијано Сала го носеше неговиот дрес со број 9.
https://twitter.com/FCNantes/status/1092876486707761152?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1092876486707761152&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fnavivachite-na-nant-mu-skandiraa-na-fudbalerot-shto-go-odvede-sala-na-aerodrom-video
Британското биро за истраги во воздухопловството (AAIB) објави дека операцијата за подигнување на остатоците од авионот со кој леташе аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, ќе почне во рок од два дена.
За потсетување, приватниот авион кој исчезна од радарските екрани вечерта на 21 јануари беше пронајден за време на приватна операција за пребарување на дното на англискиот канал, а пребарувачите пронајдоа едно тело кое треба да се идентификува откако ќе се извади од водата.
Во моментов, во тек се подготовки за операцијата која ќе се изврши во наредните два дена, соопшти портпарол на AFIB.