Не си играјте со здравјето: Вакви компири не смеете да јадете

|

Компирите се намирница кое секое семејство честопати го има на својата трпеза. Можат да се подготват на најразличен начин и се дел од речиси секојдневното мени на Македонците. Сепак треба да знаете кога тие се неупотребливи, а сигурно честопати сте се сретнале со ваквите неупотребливи, односно штетни компири, а можеби дури и сте ги подготвувале, а не сте знаеле дека тоа баш и не е добра идеја.

Компирите кои примиле зелена боја или почнуваат да ‘ртат поради предолго стоење или затоа што не се чуваат во соодветни услови може да бидат штетни по здравјето.

Компирите содржат соланин, то*сично алкалоидно соединение кое служи како природен пестицид, а кој е присутен во зголемена концентрација во зелен, оштетен или ‘ртен компир, според германскиот Федерален институт за проценка на ри-зик.

Соланинот не само што го менува вкусот на компирот туку и е штетен за здравјето. Во случај на премногу консумирање на соланин може да имате проблеми како што е гадење, болка во стомакот, повраќање и дијареја. Институтот советува дека треба да се избегнува консумација на многу зелен, ‘ртен или кафеав компир.

Меѓутоа, компирите кои не се многу засегнати од овие промени, можат да се отстранат микробите и зелените делови и потоа може безбедно да се консумираат.