Немавме среќа: Во баражот за СП ќе играме против актуелниот и поранешниот европски првак

|

Македонија немаше среќа на ждрепката за баражот за СП во фудбал во Катар 2022, која се одржа денеска. Во полуфиналето од супер тешката бараж група, Македонија ќе се соочи со актуелниот европски првак Италија и тоа нагости.

Доколку ја победиме ќе ни треба уште едно чудо против подобриот од дуелот Португалија-Турција и тоа повторно на гостински терен.

Мечевите за полуфиналето се на 24 или 25 март идната година, а евентуалното финале и завршната битка за мундијалската виза се на 28 или 29 март догодина.

ФАЈНЛФОР – А
Шкотска – Украина
Велс – Австрија
ФИНАЛЕ: Велс/Австрија – Шкотска/Украина

ФАЈНЛФОР – Б
Русија – Полска
Шведска – Чешка
ФИНАЛЕ: Русија/Полска – Шведска/Чешка

ФАЈНЛФОР – Ц
Италија – МАкедонија
Португалија – Турција
ФИНАЛЕ: Португалија/Турција – Италија/Македонија