Неодоливо: Сашко Коцев објави фотографија со ќеркичката

ИЗВОРновлист
|

Актерот Сашко Коцев е човек кој не милува премногу да зборува за својот приватен живот и на социјалните мрежи ретко споделува приватни моменти. Токму поради тоа и фактот што неговата ќерка ретко ја покажува во јавноста неговата најнова фотографија на социјалните мрежи ги разнежи неговите пријатели.

Сашко ја запроси Смиљана пред седум години на сцената на „Златна Бубамара“, а неколку месеци подоцна стапија во брак. Тие кон средината на месец октомври 2018 година се остварија во улога на родители.

За оваа неодолива фотографија тато Сашко и неговата наследничка Јоана добија илјадници лајкови.