На денешната владина седница треба да се одлучи за времетраењето на полицискиот час во текот на викендот. Пред два дена Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час да трае 58 часа односно да започне во сабота во 19 часот и да трае до вторник до 05 часот наутро.
Она што го има Сител како неофицијална информација е дека утрешниот ден ќе помине вообичаено, полицискиот час ќе започне во 19 часот попладне ќе трае до 05 часот во недела и потоа ќе продолжи во недела во 14 часот и ќе трае до вторник до 05 часот наутро.
Сепак ова се неофицијални информации, се чека на одговор од Владата, а седницата е закажана за 17 часот денеска.
Доколку се случи Владата да одлучи да не биде целосен викенд карантин ова ќе биде прв пат владата да не ја послуша Комисијата за заразни болести.