Непријатно му е што заработува толку многу: Кијану Ривс раздели поголем дел од парите

ИЗВОРНов Лист
|

Актерот Кијану Ривс е познат како еден од најдарежливите актери во Холивуд, заработувајќи околу 315 милиони долари во својата кариера, од кои голем дел ги раздал.

Ова го откри за The Post, пријател на актерот, а како причина наведе дека на Ривс му е многу непријатно што заработува толку многу.

“Тоа е нешто што го прави да се осеќа многу непријатно. Поголем дел од парите Кијану ги поделил со луѓе на кои им требаат и само неколку луѓе знаат за тоа. Тој е многу свесен колку има среќа, но за разлика од другите холивудски мегаѕвезди, тој не го зема здраво за готово“, рече тој.

Актерот, како што беше откриено во декември, донирал 70 отсто од приходите од неговиот филм „Матрикс“ за истражување и изнаоѓање лек за леукемија. Покрај тоа, тој ужива во шопингот и донирањето на своите соработници, семејството и добротворните организации. Така, тој дал бонус од 20.000 долари од свој џеб на вработен на сетот на Матрикс, кој се нашол во финансиски проблеми.

Тој исто така донираше мотоцикли Харли Дејвидсон на дванаесет каскадери од филмот Matrix Reloaded, а на снимањето на четвртото продолжение на Џон Вик, со лична посветеност на членовите на неговиот каскадерски тим донираше скапи часовници Rolex Submariner.

Кијану е познат како еден од актерите со кои сите сакаат да работат, не само поради неговата великодушност, туку затоа што никого не потценува и смета дека сè е подеднакво важно за успехот на самиот филм.