Палермо е исфрлен во Серија Ц, па иако изгледа целосно неповрзано, оваа ситуација најмногу и одговара на Црвена Ѕвезда. Причината е македонскиот бисер, Илија Нестороски, пишува espreso.rs.
Не е тајна дека Нестороски минатото лето беше голема желба на шампионот на Србија, но тогаш главна пречка беше преголемото милионско обештетување.
Меѓутоа, по исфрлањето на клубот од Сицилија во третиот ранг на италијанското натпреварување, доаѓа до пресврт и Нестороски ќе го напушти клубот, пишуваат српските медиуми.
Несторовски ја започнал професионалната кариера во екипата на „Победа“, а потоа играл во повеќе клубови, и тоа: во првенството на Чешка за „Словачко“ и „Викторија Жижков“, како и за „Металург Скопје“ во македонското првенство. Исто така, тој играл како напаѓач во хрватскиот клуб „Интер Запрешиќ“. Во сезоната 2013-2014, Несторовски бил најдобар стрелец во втората хрватска лига со постигнати 20 голови. Следната сезона, 2014-2015, тој повторно бил најдобар стрелец во втората хрватска лига со постигнати 24 голови, со што му помогнал на „Интер“ од Запрешиќ да влезе во првата хрватска лига.
Во сезоната 2016-2017, Несторовски преминал во италијанскиот прволигаш ФК „Палермо“, при што сезоната ја започнал одлично: во четвртото коло го постигнал својот прв гол во „Сериа А“, со кој на својот клуб му обезбедил нерешен резултат на натпреварот против Кротоне; во петтото коло, на гостувањето кај „Аталанта“ повторно постигнал гол, обезбедувајќи му победа на својот клуб.[5] По 13 одиграни кола во лигата, Несторовски бил најдобар стрелец за својата екипа, со дадени седум од вкупно 10 гола колку што постигнал „Палермо“.