Неверојатна атмосфера во Скопје: Цела сала ја пееше македонската химна (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската химна беше испеана во еден глас на вчерашниот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија-Аргентина на светското првенство кое се игра во Скопје. Сепак и големата поддршка не и помогна на нашите ракометари кои беа поразени со 20-23.

Во македонската престолнина Скопје вчера почна Светското првенство за ракометари до 19 години кое трае до 18 август. Натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“.

Македонија е во Ц-групата заедно со репрезентациите на Данска, Јапонија, Аргентина, Нигерија и Бахреин.

„Црвено-жолтите“ првиот натпревар ќе го имаат вечер со почеток во 20:30 часот против репрезентацијата на Аргентина во СЦ „Борис Трајковски“.