Неверојатни резултати: Еве како најлесно да ја исчистите рерната

ИЗВОРНов Лист
|

Еве два генијални чекори кои ќе ви го олеснат животот. Се што ви е потребно е: вода, спреј боца, сода бикарбона, оцет и помал сад.

Постапка: Извадете се од рерната. Во садот ставете малку вода и помешајте ја со сода бикарбона. Ставете ја на површината која сакате да се исчисти. Оставете ја да стој една ноќ, бидејќи на содата и е потребно 12 најмалку за да дејствува. Наредниот ден земете крпа и избришете ја рерната.

Ставете малку оцет во спреј боца и испрскајте на местата каде остана малку сода бикарбона и нечистотија. Избришете со влажна крпа. Вратете ги решетките во рерната и вкулучете ја 15- 20 минути на ниска температура.

Во боцата помешајте вода со сода бикарбона, а смесата треба да биде густа. Испрскајте го стаклото од рерната и оставете да отстои 30 минути. После тоа избришете го со крпа за прозорци. Резултатот е неверојатен.