Незаменлив рецепт, со кој ќе го нахраните целото семејство за помалку од 200 денари

|

За вкусен оброк, не секогаш се потребни многу пари.
Потребни состојки:
1 векна стар леб, 4 јајца, 200мл јогурт, 200мл павлака, 150мл млеко, 150гр шунка и 200 гр сирење.

Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата и додате ги павлаката, јогуртот и млекото – и убаво измешајте ја смесата. Исечете го „бајатиот“ леб на парчиња, а потоа натопете го секое парче во смесата со јајца и наредете го вертикално во подмачкан сад – наизменично со шунка и сирење. Истурете ја преостанатата мешавина од јајца одозгора и печете во загреана рерна.