Никако да се помират: И агентот на Роналдо жали што си заминал од Реал

|

Фактот што Кристијано Роналдо годинава не освои ниедно индивидуално признание ги заболе сите во околината на Португалецот – од неговото семејство до агентот Жорге Мендес.

Најблиските на Роналдо беа прилични фуриозни, па дури и некултурни на социјалните мрежи, а Мендес и натаму смета дека фудбалерот на Јувентус требало да ја освои Златната топка. Оди и чекор понатаму во своите размислувања.

„Според мене е неправедно тоа што Меси ја освои Златната топка. Роналдо триумфираше и во Лигата на нации, но таков е животот. Мислам дека ако уште играше во Реал, сигурно на Роналдо ќе му припаднеше Златната топка“, смета Мендес.

Ова е само уште една во низата тези дека Флорентино Перес жари и пали во европскиот фудбал и дека само поради него Роналдо лани и оваа година не ги освои Златните топки.