Никој не им верува дека се мајка и ќерка, сите мислат дека се сестри: Пејачката ја родила на 19 години, а таа прерасна во вистинска убавица

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Каја Остојиќ од првиот брак има ќерка, која ја родила на 19 години. Николина порасна во вистинско девојче, а многумина коментираат дека убавината ја наследила од мајка си.

Иако Каја е во четвртата деценија, многумина коментираат дека изгледа многу помладо, па дури и кога ќе објави фотографија со ќерката, се забележуваат коментари во кои нивните следбеници се прашуваат дали Николина и Каја се всушност пријатели.

„Не ми се верува, мислев дека сте сестри“, „како другарки сте“, „браво девојки за изгледот, не се знае која е поубава“,… се само дел од коментарите.

Освен со успешна кариера, Каја најмногу се гордее со Николина, а тоа често го истакнува и во објавите на социјалните мрежи.

– Јаболкото на моето око. Горда сум на сè што стана и во каква прекрасна жена порасна. Фала му на небесата што пубертетот заврши и сега е толку убаво и лесно да си мајка.