Актерката Нина Деан му кажа „да“ на својот избраник Мартин Ивановски со кого беше неколку години во врска.
Актерката се пофали на социјланите мрежи каде го покажа прстенот со прекрасен натпис во позадина на кој пишува “Одбирам љубов, одбирам радост“.
Инаку кон крајот на 2019 година, младата актерка од МНТ, откри дека во животот и се случило чудо и дека не може да престане да се радува. Таа не медиумите откри дека го чека своето прво дете заедно со нејзината прва љубов, Мартин.
Актерката се уште го нема откриено полот на бебето, а пред некое време позираше со трудничкото стомаче. Фотографијата ја објави на својот Инстаграм профил.
Може да се каже дека актерката ужива во прекасните месеци од бременоста, а најмногу на новото внуче се радуваат Гордана и Кили кои повторно ќе станат баба и дедо.