Ништо од злато во Сребрената лига: Финска повторно подобра од Македонија

ИЗВОРТелма
|

Македонската одбојкарска репрезентација загуби од Финска во четири сета во полуфиналето на завршниот турнир во Европската сребрена лига. Продолжува проклетството на Македонија во ова натпреварување и на седмиот настап во завршницата не може да го освои златото.

Финска покажа дека и со подмладена селекција моментално е подобар тим од Македонија. Првиот сет им припадна на Финците со 25-22, а Македонија врати во вториот со 20-25. Сепак во следните два, противникот го демонстрираше својот квалитет и со убедливи 25-18 и 25-16 се пласираше во големото финале на завршниот турнир, што се игра во Будимпешта. Ова е трет пораз по ред за нашите одбојкари од овој ривал, кој претходно два пати не победуваше на Европските првенства.

Финска во финалето ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу домаќинот на турнирот Унгарија и Романија.

Победникот во Европската сребрена лига ќе обезбеди пласман во Златната лига следната сезона и ќе инкасира награда од 50.000 евра.