|
Играчот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф потпиша нов договор со клубот.
Швеѓанецот кој на „Олд Трафорд“ пристигна во 2017 година од Бенфика за 35 милиони евра, иако имаше тежок почеток во новиот клуб, на крај стана стандарден член на првиот тим.
Минатата сезона запиша 40 настапи за Јунајтед и постигна еден гол, а во новиот шампионат ги одигра сите пет меча во Премиер лигата.
Линфелоф денес стави потпис на нов договор според кој се обврза на вернос кон „црвените ѓаволи“ до 2024 година.