Нов предлог на Комисијата за полициски час од 22 до 5 часот

ИЗВОРНов Лист
|

Како што соопшти Кризниот штаб, Комисијата за заразни болести предлага воведување полициски час од 22 до 5 часот.На денешната седница на Кризниот штаб, министерот за здравство Венко Филипче предложил повторно да се воведе полициски час поради зголемениот број на позитивни случаи.

Министерството соопшти дека – Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект.

Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае.

Предлогот на Комисијата ќе биде разгледуван на утрешната владина седница.
Извор: СДК.МК