Ваква палента не сте јаделе: За да биде совршена се прави со овие состојки за кои ретко кој знае

ИЗВОРНов Лист
|

Пченкарното брашно е едно од најевтините производи во маркетите, хранливо е и може да се подготвува на разни начини.

Благодетите од палентата се многубројни, а може да се ужива во неа како прилог кој со своите нутритивни својства го надминува помфритот, печениот компир, па дури и оризот (зависно од начинот на подготовка). Додадете пченкарно брашно наместо трошки леб во рецептот, користете го како прилог или додадете го во торта и леб, бидејќи во пецивото додава и доза влажност и мекост.

Како да зготвите совршена палента?

Еден трик за совршена палента е рамномерното и прецизно мешање, и тоа задолжително со дрвена лажица. Водата во која го додавате пченкарното брашно, треба да врие, а за време на истурањето треба тоа да го направите рамномерно, мешајќи постојано.

Кога ќе биде готово, додадете два „зачини“ кои тотално ќе го променат вкусот на обичната палента – поголема коцка путер и грст свежо изрендан пармезан. Исто така, се препорачува палентата да се готви во млеко.