Нов шпанец на клупата на Вардар

ИЗВОРСкопје24
|

Начо Гонзалез Диез, тренерот на шпански Ваљадолид е нов стартег на европскиот, регионалниот и македонскиот првак Вардар. Шпанската врска продолжува да трае, а според информациите на СПОРТМЕДИА, тренерот и клубот веќе си подале рака, па по Раул Гонзалез Гутиерез и Роберто Гарсија Парондо, уште еден Гонзалез, но Начо Диез ќе биде новиот „главен и одговорен“ во „црвено-црните“ редови.

Според пишувањето на шпанските медиуми Диез неодамна најавил дека нема да ја продолжи соработката со Ваљадолид, која трае од 2014 година и дека на својата кариера планира да и даде интернационална нота.

Ментор и добар пријател на Диез е Хота Гонзалез, актуелниот помошник тренер на Раул Гонзалез во редовите на ПСЖ, а 32-годишниот тренер е исто така пријател и на Роберто Парондо и Давид Дејвис, тренери чии старт на интернационалната кариера е комплетно поврзан со Вардар.

И Диез како и неговите претходници на клупата на Вардар ќе дебитира на меѓународната сцена и ќе го предводи европскиот првак во новата сезона од Лигата на шампионите. Досега искуство има со работа со млади категории, како и водењето на Ваљадолид во АСОБАЛ лигата, две сезони.

Неофицијално, Диез и „црвено-црните“ се договориле на двегодишна соработка.