Нова опасност на грчките плажи: „Има многу болен убод„ – вообичаените решенија ја влошуваат состојбата

ИЗВОРНов Лист
|

Несакана виолетова медуза се размножила во неколку делови на Егејското Море. Експертите велат дека зголемената температура на морето и прекумерниот риболов ја влошуваат оваа појава.

Веќе три недели Грција ја мачат овие виолетови медузи кои, според сите проценки, не се безопасни и се чини дека претставуваат нова опасност за туристичкото лето во Грција.

Локалните извештаи и Грчката опсерваторија за биодиверзитет велат дека тие веќе биле забележани кај Закинтос, Кефалонија, Паксос, Антипаксос, Крф и Амвракикосовиот Залив.

На плажите има црвени знамиња кои ги предупредуваат капачите за нивното присуство, се обидуваат да ги соберат со мрежи, но и тоа не е безбедно.

Видот, кој има многу болен убод, се населил во многу делови на Медитеранот. Претходно, популацијата нагло се зголемувала на секои 10-12 години, при што секоја масовна појава траела околу две години.

Експертите велат дека оцетот, како и свежата вода, алкохолот, амонијакот, НЕ помагаат при каснувањето на овој вид медузи, туку, напротив, ја влошуваат состојбата и болката. Болката кај овој тип на медуза може да се намали со малку алкален раствор (сода бикарбона растворена во соодветна количина на морска вода), а не со киселина.

Научниците не можат да кажат дали нивниот број ќе се намали.