Славчо Попоски со убави вести, еве кога ќе уживаме во сонцето!

ИЗВОРНов Лист
|

– Од утре па во следните денови како што и најавивме Атмосферата ќе биде постабилна, а ќе има и многу повеќе сончеви периоди. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на пораст и во следните денови максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.

И во Скопскиот регион од утре па натаму Атмосферата ќе биде постабилна, а ќе има и многу повеќе сончеви периоди. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 33 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.