Беше со тенисерот пред Јелена: Ова е поранешната девојка на Новак Ѓоковиќ – ја споредуваат со Ким Кардашијан

ИЗВОРНов Лист
|

Лидија Поповиќ е поранешна девојка на Новак Ѓоковиќ, успешен диџеј и убавица која наводно зема 30.000 евра за настапи.

Таа беше во врска со еден од најдобрите тенисери на светот пред повеќе од 10 години, пред Новак да почне да се забавува со сегашната сопруга Јелена, а неодамна откри како се сеќава на врската со Ѓоковиќ.

„Новак е прекрасен во секоја смисла на зборот. Она што го имавме останува во далечното минато, а јас имам само пофални зборови за него“, рекла таа еднаш и додала: „Нашите патишта се разделија, нема ништо лошо во тоа, а денес не комуницираме. Секој има своја кариера, нон-стоп сме на нозе, но јас секако сакам да се сеќавам на тој период, сакам да паметам убави работи“.

Лидија неодамна беше прогласена за најдобар диџеј во Србија, а на нејзиниот Инстаграм се појави слика со познатиот боксер Конор Мек Грегор:

Лидија на социјалните мрежи објавува слики од настапи, но и оние во бикини, поради што нејзините следбеници ја споредуваат со познатата Ким Кардашијан.