Ѓоковиќ сепак ќе игра на Австралијан опен

|

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сепак ќе игра на Австралијан опен откако потврди дека добил дозвола од организаторите да настапи со медицинско изземање. Најдобриот светски тенисер одбиваше да каже дали е имунизиран, што е услов за настап на првиот гренд слем во сезоната и сега на Инстаграм кажа дека добил потврда за медицинско изземање.

Директорот на тенискиот турнир во Мелбурн Крег Тили претходно кажа дека тенисерите мора да бидат целосно имунизирани или да имаат медицинско изземање.

Среќна нова година на сите. Ви посакувам здравје, љубов и среќа во секој момент и да чувствувате љубов и почит за сите битија на оваа прекрасна планета. Поминав фантастично време со моите сакани за време на паузата и денеска патувам за Австралија со дозвола за медицинско изземање, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм.