Британските медиуми пишуваат дека на некои фотографии, моделот Никол Потуралски неверојатно потсетува на Анџелина Џоли.
Она што е интересно, е дека таа е новата девојка на холивудскиот актер Бред Пит, а Анџелина Џоли е негова бивша сопруга.
Бред Пит (56) беше во брак со Анџелина Џоли (45) од 2014 година, сè додека Џоли не поднесе барање за развод во 2016 година, наведувајќи ги „непомирливите разлики“ како причина за разделбата.
27-годишната Потуралски е првата јавна романса на Пит по разделбата со Џоли, а фановите веднаш почнаа да коментираат за тоа колку неговата нова љубов наликува на неговата поранешна сопруга.
Потуралски на фотографиите на својот Инстаграм профил, постираше неколку стилски фотографии, облечена во сив блејзер и коментар „Се гледаме подоцна“.
Освен на Анџелина Џоли, на дел од нејзините 195 илјади фанови, манекенката им наликува и на Ирина Шајк.