Полека но сигурно се загрева амбиентот за неделното големо дерби на англискиот фудбал во кое на „Олд Трафорд“ ќе се сретнат Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
„Црвените ѓаволи“ сезонава разочараа со своите игри и резултати, а секако удел во ова имат и големиот број на повреди со кој се соочи тренерот Оле Гунар Солскјер.
Се чини во вистински момент сега се враќа надежта на Норвежанецот откако во тимот за неделната пресметка најавено е дека повторно на располагање ќе ги има Пол Погба, Ван Бисака и Лук Шоу, а големи се шансите за дербито да биде спремен и напаѓачот Марсијал.
Французинот има одиграно три натпревари во оваа сезона и има постигнато два гола пред да се повреди, а „Скај Спортс“ пишува дека Марсијал тренира со првиот состав на тимот оваа недела и големи се шансите да заигра против Ливерпул.