Од понеделник дополнителни протоколи за кафулињата и рестораните

ИЗВОРСкопје24
|

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска информираше дека ќе им се излезе во пресрет на барањата на угостителите да можат да работат и по 22.00 часот, односно да се врати старото работно време какво што беше она пред здравствената криза. Министерот најави дека до крајот на понеделник ќе биде објавен и протоколот со кој и хотелите ќе може да започнат со работа.

– Денеска сабајле во Главниот координативен штаб разговаравме по оваа тема. Ние како Министерство за економија во соработка со Министерството за здравство доставивме предлог, а од Комисијата за заразни болести бевме известени дека до понеделник ќе бидат изготвени дополнителни протоколи што се однесува на работењето на угостителските објекти, вклучувајќи ги тука и хотелите, рече Бектеши.

Тој додаде дека и во ситуација кога истекува вонреднатат состојба, Владата има законска можност да носи протоколи како правни акти.

извор: faktor.mk