Ракометната репрезентација на Македонија игра фантастичен натпревар против европскиот шампион Шпанија без нималку респект кон големиот фаворит, а во првиот дел потегот на мечот се изведе на самиот старт.
Митревски правеше чуда на голот, а Манасков повторно „летна“ и со спектакуларен цепелин на додавање на Кирил Лазаров го остави без решение еден од најдобрите светски голмани, Гонзало Перез де Варгас.
Погледнете како Македонија и „продаде“ атракција на големата Шпанија:
Шпанија досега на секој натпревар имала шанса да ги почувствува мајсториите од македонската „кујна“. Колку за илустрација, на последниот меѓусебен меч, Македонија изведе три цепелини и успеа да постигне гол во мрежата на „фуријата“.
TZEPОФ ОФ МАКЕДОНЧИШТА!ЦЕПЕЛИН!!!!!
Gepostet von Спортска Македонија am Mittwoch, 16. Januar 2019