Веќе подолго време чамец сместен на самиот брег на Охридското езерому е дом на повозрасен граѓанин. Немајќи каде да живее, тој засолниште од студот и дождот нашол под овој чамец.
Тој не може да излезе од чамецот, бидејќи неодамна ја скршил ногата. Вели дека нема храна и лекови, а вода пие од езерото.
„Немам пари, ги изгубив сите документи. Скршена ми е ногата“, вели бездомникот. Ми донесе еден човек за јадење, но ми треба вода. Од езерото пијам вода. Кој ќе ми донеси јадам. Немам пари, само два денари имам“.
Човекот на тимот на Алсат рекол дека имал работено во Америка, но останал без сите документи, а како бездомник живеел со години.
„Јас ништо не работам сега. Ги имам изгубено картите. Ми треба едно ќебе едно одоздола едно одгоре. Овде е убаво. Не врне….“, вели бездомникот.
Од Брзата помош во Охрид за Алсат рекоа дека вчера доцна попладне примиле повик за човек кој живее под кајче и на кого му е потребна итна помош.
Нивна екипа веднаш интервенирала, по што констатирале дека човекот е со повреден скочен зглоб на левата нога. Откако му направиле преврска и му дале соодветна терапија, се обиделе да го транспортираат во болницата за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо, но тој тоа го одбил, по што пријавиле и во полиција.
Според проценката, станува збор за лице на возраст помеѓу 75 и 80 години. Граѓани случајот го пријавиле и во Центарот за социјални работи и Центарот за управување со кризи.