Оле не знае што со него – а Матиќ веќе го демнат четири великани

|

Се чини оваа сезона Немања Матиќ не е во прв план на тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

Србинот минатата година беше стандарден член на првиот тим кога клубот од „Олд Трафорд“ го предводеше Жозе Мурињо.
Сепак на почетокот на оваа сезона ситуацијата на Матиќ е потполно различна и тој првите три меча од сезоната во Премиер лигата ги помина на клупата за резерви, а на последните два меча одигра севкупно 89 минути.

По ова се пишуваше дека Немања е незадоволен со ова и барал состанок со Солскјер, а подоцна се појавија информации дека Србинот сака да го напушти Јунајтед, но клубот не му дозволува.

Матиќ е во поледната година од договорот и се чини дека „црвените ѓаволи“ немаат намера да му понудат нов, па така веќе доста клубови се распитуваат.

Италијанските медиуми пишуваат дека Интер, Милан и Јувентус се подготвени да тргнат по Матиќ, а интерес исто така има и од Борусија Дортмунд.