Оптичка илузија која го подели интернетот – Кои броеви ги гледате на сликата

ИЗВОРНов Лист
|

На социјалните мрежи се шири збунувачка оптичка илузија, а луѓето се мачат да одговорат точно на прашањето кои броеви ги гледаат, тестирајќи го својот вид.

Сликата со црни и сиви кругови крие броеви кои не можат лесно да се забележат. Круговите и линиите во нив се распоредени во нееднакви спирали, па затоа е уште потешко да се воочат истите.

Илјадници луѓе даваат одговори и речиси сите се различни затоа што повеќето гледаат само неколку бројки, оние на средината на сликата, а објавата со оваа оптичка илузија стана хит на Твитер и повторно се појавува во неколку наврати со цел да ги натера луѓето малку да се напрегнат за да го забележат целиот број.

Точниот одговор е седумцифрен број:

Доколку се откажавте, точниот број погледнете го во продолжение:
.
.
.

Кои броеви ги гледате?: Оптичка илузија која

3452839

Оваа оптичка илузија е дизајнирана така што си поигрува со контрастната чувствителност која е важна компонента за тоа како функционира сетилото за вид и која е тука да помогне да се препознае разликата помеѓу предметите и нивната позадина.

Ова се појавува во реални ситуации кога возиме при слаба осветленост или магла, кога треба повеќе да се концентрираме бидејќи контрастот помеѓу предметите и нивната позадина рапидно се намалува.

Во случајот на оваа оптичка илузија, броевите се поставени на едно ниво, а круговите, односно спиралите на друго. Луѓето кои имаат повисоко ниво на контрастна чувствителност можат да ги видат сите седум цифри одеднаш. Во спротивно, помалата чувствителност на контраст може да биде знак дека има некои промени во окото, па дури и да укажува на појава на катаракта.