Зоран Софрониевски од Битола е лице со оштетен вид и не може да го види нашето богато културно наследство. Но, сега преку допир на тактилни слики може да ја почувствува убавината, на фреските, иконите, мозаиците од Хераклеја, како и други експонати кои се дел од постојаната поставката на битолскиот Завод и музеј.
Не знам кој е авторот, но разбрав дека се работи за позната слика, слика на девојче, рече Зоран Софрниевски додека ја допираше тактилната слика
Слепите лица оваа можност преку допир да доловат дел од култрното наследсво ја доживејаа со многу емоции
Навистина е прекрасно, затоа што еден слеп човек кој не знае како изгледа ангел или светец, сега може преку допир со раката да го најде ангелот, каде се крилата, каде е круната. Се радуваат како мали деца, рече Стевче Костадиновски, претседтател на Здружението на слепи лица од Битола.
Проектот е на битолскиот Завод и музеј, од каде велат дека работат на инклузивни процеси за културното наследсво да се доближи до лицата со попреченост. Тимот кој ги изработи тактилните слики овие вештини ги стекнал на обуки со странски експерти
Со помош на Брајова азбука ние го даваме описот на предметот, а тактилната слика е реејефна, може да се допира. Со посебни знаци и шифри на самата табла, слабовидите и слепи лица добиваат претстава за каков предмет се работи и кратка приказна за самиот предмет, вели Ирена Ружин, координатор на проектот.
Покрај тактилните претстави за Хераклеја и изложбата на тактилни слики од експонати и објекти, во следните месеци ќе се реализра и проектот за презентација на предмети со знаковен јазик во 3Д модел со аудио и видео поддршка, кој ќе биде наменет за лица со различни попречености.
Емилија Мисирлиевски