Тенисерот Новак Ѓоковиќ од 2014 година е во брак со сопругата Јелена со која има две деца Тара и Стефан. Непосредно пред да ја запознае Јелена, Новак беше во врска со Лидија Поповиќ. Таа беше првата љубов на познатиот српски тенисер.
Новак и Лидија поминаа два месеци заедно, а Лидија со уметничко име „Лејди Ли“ во меѓувреме стана добро познато име на диџејската сцена. Причината за нивното раскинување наводно биле спортските обврски и оддалеченоста на Новак, а убавата бринета љубовта ја пронашла во музиката.
-Ноле беше убав во секоја смисла на зборот. Кога бевме заедно, тој секогаш беше внимателен и насмеан. Она што го имавме останува во далечното минато, а за тоа имам само пофални зборови. Патеките ни се разделија, не се слушаме, но имам само пофални зборови за него – изјави Лидија.
На Инстаграм ја следат повеќе од 1,6 милиони луѓе, а по настап може да заработи и до триесет илјади евра. Често објавува фотографии на кои се гледа како ужива додека патува низ светот, учествува на бројни фестивали и приватни забави и се дружи со светските лица.
Да потсетиме, поранешниот светски шампион во тенис ја запознал својата сегашна сопруга веднаш по раскинувањето, во 2005 година, а ги поврзувале спортски теми бидејќи Јелена тогаш се занимавала со атлетика. Тогаш Новак имаше 17 години, а Јелена е 11 месеци постара од него.
Лидија на социјалните мрежи објавува слики од настапи, но и оние во бикини, поради што нејзините следбеници ја споредуваат со познатата Ким Кардашијан.