Ова е лошо за автомобилот, а сите тоа го правиме – му наштетува на моторот

ИЗВОРНов Лист
|

Многу често се одлучуваме со автомобилот да одиме на многу кратки дестинации – до трафика, пекара, продавница, а тоа може скапо да не чини, бидејќи моторот за време на возењето не достигнува работна температура, а тоа може да предизвика сериозни дефекти.

Кратките релации од стотина метри го оставаат моторот незагреан. Тоа со себе влече последици – влагата не може да испари и се меша со маслото, се создаваат наслаги од нечистотија на ЕГР вентилот и другите делови на моторот. Опасностите се бројни за појава на дефект.

Уште една опасност од возењето на многу кратки релации со ладен мотор е и мешањето на маслото со горивото. За жал, во тој случај не доаѓа до промена на маслото кое може да се види со голо око. Но има начин да направите проверка – помирисајте ја шипката за мерење или извадете малку масло од неа и протријте со прстите за да помирисате. Доколку не се чувствува мирис на гориво, тогаш се е во ред со маслото во вашиот автомобил.