Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, повторно се огласи на својот Инстаграм профил откако неговиот канал на Јутјуб беше суспендиран.
Имено, Бака Прасе им се обрати на фановите, а во таа прилика откри дека не планира да отвора нов канал на кој ќе снима:
Доволно од вас ми кажуваат да направам нов канал, не можам. Сакам да се борам за овој. 6 години работа, труд и спомени. Ова можеби е последното збогум“, напиша Бака.
Инаку, долго време се шпекулира за содржината што Богдан ја објавува на својот канал, па корисниците на социјалните мрежи коментираат дека тоа е една од можните причини.
Минатата недела Јутјуберот беше на рочиште поради наводните обвиненија што против него ги покрена сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ, а истражните органи наводно водат повеќе случаи против Бака Прасе, меѓу другото, тој е осомничен и за даночно затајување.