Ова се највалканите точки во вашиот тоалет, а ВЦ школката се наоѓа на последното место

|

Доколку мислите дека ВЦ школката е највалканиот дел од вашиот тоалет тогаш се лажете. Погледнете кои се највалканите работи во вашиот тоалет.

ПодПодот во тоалетот содржи најмногу микроби, вели Џин Слоан, директор на фирма за иновации. „Сè што е блиску до вашата ВЦ школка ќе има исти бактерии, благодарение на водата која ја пуштаме во неа“ – тврди Слоан.

Четката за заби и држачот за четка

По подот на ред е четката за заби.

„Четката за заби добива не само бактерии од вашата уста туку и од тоа кај ја оставате. Таа не ги задржува бактериите само за себе“ – вели Слоан.

Славина

Рачката за вода на лавабото содржи повеќе од 600 микроорганизми на квадратен метар отколку ВЦ школката. Потребно е многу често да ја бришете со дезинфицирана марамица.

Пешкири

Ги користиме за да ги избришеме рацете по миењето па колку можат да бидат валкани? Многу. Микробиологот Чарлс Герб вели дека 90 отсто од пешкирте во тоалетот имаат колиформни бактерии кои “сакаат“ да ги сокријат во ткаенината.

Прибот за бричење

При секое бричење, бактериите од кожата преминуваат на бричот, а потоа ги потопуваме во вода каде што за’рѓуваат, што повторно е “покана“ за бактерии. Затоа потрудете се бричот да се исуши и менувајте ги што почесто.

ВЦ школка

Мора да биде на овој список, но само со 171 микроорганизми по метар квадратен. Според NFS таа и не е толку лоша.

„Почисти се затоа што ние мислиме дека се многу валкани па многу често ги чистиме“ – заклучил Слоан.