Водата со лимон е неверојатно освежувачка, закрепнувачка и дава огромен поттик на вашиот метаболизам.
Лимонот е преполн со здравствени предности, а посебно е голем извор на витамин Ц. Една шолја свеж сок од лимон дава 187% од препорачаната дневна доза на овој витамин, а исто така нуди калиум, магнезиум и бакар.
Постои една честа грешка која луѓето ја прават кога уживаат во чаша вода со лимон. Не сфаќаат дека кората е еден од најхранливите делови од целиот плод.
Претпоставуваме дека вашата нормална рутина е да го исцедите сокот од лимон и да додадете малку вода. Жал ни е што ќе ви го кажеме ова, но всушност подготвувате вода со лимон на погрешен начин.
Рецепт за идеална вода со лимон:
Извадете неколку свежи, по можност органски лимони. Исечкајте ги како сакате. Стиснете некои од исечканите лимони во вода, но не сите. Изрендајте малку кора од исцедените кришки во вашиот пијалак.
Ставете ги останатите парчиња во шише, кригла или некоја друга чаша. Наполнете до врв со врела или студена вода, по ваша желба. Уживајте!
Здравствените стручњаци велат дека лимонот и водата помагаат во варењето. Исто така помагаат во успорување на апсорпцијата на храна и обезбедуваат да вашето тело добие најмногу храна при обработката.
Подготвувајќи лимон со вода на вистински начин ќе ги искористите сите негови благодати максимално!