Овој Хрват го дизајнирал набрзиот електричен хиперавтомобил кој достигнува брзина од 100 км/ч. за само 1.85 секунди. Тоа го прави побрз од конкурентниот Tesla Roudster и најбрз автомобил на светот.
Американското списание „Wall street“ пред неколку денови објавило разговор со Римaц, кој во текстот го претставуваат како “вундеркинд во светот на возилата со електричен погон“ и следниот Илон Маск.
„Тој продава молња во шише“ – го започнува њујоршкото списание својот текст во кој ги набројува успесите на Римац.
Неговата технологија е вградена во автомобилите од произведувачите како што се Астон Мартин и Рено, а неговата компанија привлекла вложување и во Хјундаи и Порше.
Првиот производ на Римац, Concept One, испаднал вистински електричен ѕвер. Компанијата до денес “пораснала“ за 600 вработени, а минатата година Римац го претставил наследникот наречен C_Two. Најбрзиот автомобил на светот има 2000 коњски сили и достигнува брзина од 412 км/ч.
Минатиот месец Koenigseg Reger, суперавтомобилот кој ја покренува батеријата на Римац, го срушил еден од најекстремните рекорди во брзина кога од 0 до 400 км/ч. и назад стигнал за само 31.49 секунди.
„Што прави овој Хрват поразлично од останатите во светот?“ – се запрашал новинарот од њујоршкото списание кој разговарал со хрватот.
„Нема “сребрен куршум“ кој ќе ги реши сите проблеми. Станува збор за многу оптимизација, пробување нови работи, експериментирање. Важно е да се биде брз, одново и одново тестирање на идеи, концепти, симулации и детални прототипи“ – одговорил Хрватот.
На прашањето како се согласува со Илон Маск, тој одговорил дека со него никогаш не разговарал, но дека би сакал да “поразговараат за некои работи“.