Легендарниот македонски голгетер, Дарко Панчев, кој во 1991 година со својата Црвена Звезда се искачи на кровот на фудбалска Европа и го освои Купот на шампионите, истакна дека „црвено-белите“ и следната година ќе играле во големото финале, но тоа не ѝ одговарало на УЕФА.
Популарниот „Кобра“ во интервју за „Спортал.бг“ говореше на многу теми, меѓу кои и за златната генерација на Црвена Звезда, на која по освојувањето на трофејот поради санкции од страна на УЕФА не ѝ беше дозволено да игра пред својата публика во Белград.
„Натпреварувањето беше многу квалитетно, а нам ни беше многу тешко што не игравме пред нашата публика, бидејќи сите знаете како е да се игра пред таа прекрасна публика. УЕФА едноставно не ѝ дозволи на Црвена Звезда да игра ново финале во Купот на шампионите. Тоа ќе беше голем удар за нив, бидејќи ќе докажевме дека сме најдобри во Европа“, рече Панчев.
По успешната кариера мината во тимот од Белград, Панчев се реши за трансфер во Интер, каде не се прослави. Целосното интервју на нашиот фудбалер можете да го прочитате на следниот ЛИНК.