Пејачката Теа Таировиќ пееше на приватна прослава каде имаше добар бакшиш.
Имено, на Фејсбук се појави видео во кое Теа пее додека околу неа летаат банкноти, а во еден момент парите не можеше повеќе да ги држи во рацете.
Отпрвин, човекот и ги дал парите, а потоа тој започнал да ги фрла над неа, на подиумот, додека Таировиќ цело време му мавтала со задникот и ги извртувала колковите.
Интересно е што меѓу банкнотите не можеше да се види друга валута освен еврото, и дека тие беа од 50, 100, 200, 500 евра.
Поради огромната сума на пари што пејачката ја доби, беше невозможно да се избројат, но слободна проценка е дека таа добила 5.000 евра само за рефренот.