Парис Хилтон: Всушност, јас сум многу паметна, само се правам глупава

|

Парис Хилтон, која на луѓето им е позната не само како богата наследничка, туку и по улогите во неколку филмови во кои главно играше ликови на „глупави русокоси“, во интервју за „Санрајс“ откри дека само се прави дека е таква во реалниот живот. Пред камерата откри како навистина звучи нејзиниот глас.

„За сето ова време јас всушност се преправав во нешто што не сум, во реалниот живот и луѓето никогаш немале шанса да ме запознаат подобро“, рече таа.

“Јас сум всушност многу интелигентна и воопшто не сум глупава. Јас сум навистина добра во тоа да глумам глупава”, признала таа.

На прашањето зошто сега решила да му го открие на светот своето вистинско јас, таа одговори дека смета дека е вистинско време за овој потег.
“Поминав толку многу и сакам да ги разбијам предрасудите што се појавија за мене. Исто така, важно ми е луѓето да ме паметат по она што го постигнав и за моето наследство. Сакам да ме паметат како успешна деловна жена, а не како некоја будала”, додаде таа.

Со цел луѓето да имаат подобар увид во животот на оваа славна 39-годишна девојка, Парис реши да сними документарец за сопствениот живот, кој наскоро ќе биде достапен за сите бесплатно на YouTube.

Во документарниот филм, можете да видите како Парис снима глас и се обидува да го направи гласот што е можно поиритирачки.