Парондо: Моето семејство не сакаше да си заминеме од Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

По една сезона на клупата на Вардар, Роберто Гарсија Парондо ќе си замине и кариерата ќе ја продолжи како селектор на репрезентацијата на Египет.

Заминувањето од Македонија му падна тешко на неговото семејство, кое не сакаше да го прифати моментот кога ќе треба се напушти Скопје.

„Ги освоивме титулите во СЕХА лигата и Лигата на шампионите, што е сепак голем успех со оглед на проблемите со кои се соочивме. Тажен сум што заминувам од Скопје и долго време размислував за оваа одлука. Моето семејство не сакаше да ја напуштиме Македонија, тие се чувствуваат одлично таму. Скопје останува во нашите срца.

Во Шпанија не се доживува ракометот како во Македонија. Сите се среќни за нас, не само најблиските. Двете недели по освојувањето на титулата во Келн беа неверојатни. Вардар е најдобриот тим во Европа“, изјави 39-годишникот од Мадрид.

На местото на Шпанецот пристигна уште еден негов сонародник. Тоа е Давид Писонеро кој доаѓа од екипата на Ваљаолид.