Македонскиот и европски ракометен првак Вардар би можел да има сериозен проблем, затоа што предвреме натпреварот со Војводина во рамки на СЕХА-лигата го напушти еден од најдобрите ракометари, Даинис Кристопанс.
Летонскиот „џин“ кратко се најде на теренот, при еден шут лошо згазна, потоа се врати на клупата и со помош на лекарскиот тим потскокнувајќи замина во соблекувалната, во втората минута од натпреварот.
Главниот бек на Вардар, Даинис Кристопанс, се здоби со повреда на дуелот со Војводина, чија тежина допрва ќе се утврдува.
Информацијата ја соопшти тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров. Првичните резултати се дека Кристопанс нема сериозна повреда, но се ќе биде појасно во наредните два до три дена.
Натпреварот меѓу Вардар и Киелце се игра в сабота од 17:30 часот.