Познатото српско трио Фрајле изминатиот викенд настапи во хрватскиот град Питомача без работна дозвола! Поради тоа членовите на бендот се санкционирани со казни од 900 до 1.300 евра.
Иако публиката оваа вечер ќе ја памети по одличната атмосфера, Наташа, Јелена и Невена ќе останат запаметени по непријатностите кои ги доживеаја. Имено, иако полициската управа на Вировитица-Подравина предупредила дека девојките не можат да добијат потврда за пријавување на работа, па затоа не можат ниту да настапат, но организаторите го свртеле другото уво и дозволиле да настапат.
Поради тоа, полицијата до Прекршочниот суд во Вировитица поднесе обвинителен акт кој се однесува на законот за странци. Тие се повикаа на решението на МВР кое е на сила од 18 април годинава, во кое е наведено дека изведувачите не можат да добијат потврда за регистрација на работа во објектот, но може да им се издаде (по условите пропишани со законот за странци) само доколку претставите се одржуваат на јавни површини. Казната пејачите морале да ја платат на лице место.