Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање

ИЗВОРНов Лист
|

Сојузот на здруженија на пензионери упатуваат апел пензионерите да бидат ставени како приоритет при вакцинирањето против новата болест, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет.

Во денешното соопштение од Сојузот се вели – Во име на над 300.000 возрасни луѓе во нашата земја апелираме пензионерите да имаат приоритет за вакцина против болеста, како што е во сите земји во опкружувањето и пошироко во целиот свет.

Пензионерите, потенцираат од Сојузот, се најранлива категорија бидејќи голем број од нив се со хронични болести и намален имунитет.