Пеп испорача услов под кој би останал во Манчестер Сити

|

Актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити нема намера да го менува тренерот, па затоа сака да потпише нов договор со актуелниот Пеп Гвардиола.

И Шпанецот е расположен за продолжување на соработката, но за да стави потпис на нов договор тој има свои барања, односно услови до управата на „граѓаните“.

Гвардиола од раководството бара три нови засилувањ, сака нов одбранбен фудбалер, еден бек, но и напаѓач. Истот така сака да го засили и тренерскиот кадар, бидејќи Артета наскоро ќе го преземе Арсенал.

Пеп Гвардиол вчера беше поврзан со тренерското место во ПСЖ. Според „Атлетик“, одлуката на стратегот дали да остане долго на „Етихад“ во голема мерка ќе зависи од одлуката на управата за летната селекција и дали ќе му биде дозволено да ги привлече вистинските играчи.

Договорот на Каталонецот со клубот истекува во летото 2021 година, но се вели дека постои клаузула дека може да замине една година порано или поточно на крајот на оваа кампања.