Перо Антиќ се огласи и испрати силна порака до Манасков и Стоилов (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентатиевец кој воедно своевремено беше и капитен на нашата репрезентација, Перо Антиќ се огласи по пат на социјалните мрежи.

Причината е настапот на машката ракометна селекција на СП во Германија и Данска. Антиќ на својот профил на „Инстаграм“ сподели стори на кое се Дејан Манасков и Стојанче Стоилов.

Над истото пишува „Глава горе момци“ со што Перо им изразува поддршка по трите последователни порази.

Инак, Македонија не ја мина првата фаза на едно големо натпреварување по цели 20 години од СП во Египет 1999 година. Филип Талески ова го смета за неуспех.

„По подолго време Македонија не ја минува првата фаза на едно големо натпреварување. Тоа мислам дека е еден чекор назад за нас и има за што да жалиме“, изјави вчера тој.

Македонија во следната рунда ќе разигрува во „Президент купот“ за пласман од 13-16. позиција.

Противник на македонските ракометари утре ќе биде селекцијата на Русија која во А-групата го освои 4.место.

Русите имаат многу силен тим и тоа го докажаа на неколку натпревари кои ги загубија во драматична завршница. Така беше и вчера против повеќекратниот светски првак Франција (22:23).

Натпреварот Македонија – Русија ќе се игра утре во Келн со почеток во 13 часот