Поранешниот македонски репрезентативец и капитен, Перо Антиќ најави јавнод дека ќе се кандидира за претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).
Антиќ ова го обедлодени при гостувањето во емисијата „Улица Македонија“.
„Еве првпат сега кажувам јавно дека ќе се пријавам да бидам прв човек на македонската кошарка“, изјави кратко, но јасно Перо Антиќ.
Актуелниот прв човек на МКФ, Петар Наумоски најави дека нема да се кандидира за нов мандат, а актуелниот му завршува следниот месец.