Пет зимски проблеми со автомобилот – како да ги решите?

ИЗВОРnovlist.mk
|

Зимските проблеми на патот и неволјите со кои се соочуваат возачите најдобро ги знаат вработените во службите за помош на пат. Руското списание „Зад воланот“ собира мислења од експерти од апликација за патна помош МЕТР кои се најчестите проблеми во студените денови и препораките како истите да бидат избегнати.

Како што може да се очекува, најголемите главоболки во текот на зимата ги создава откажувањето на моторот да запали. Причина за тоа може да бидат проблеми со палењето, системот за гориво и стартерот, но најчесто е потрешениот акумулатор. Решението е само едно, полна дијагностика пред настапувањето на зимата и навремено отстранување на дефектите.

Во услови на ладно време, руските експерти препорачуваат дополнителна изолација на моторот и акумулаторот и монтажа на уред за греење. Тие мерки не само што го олеснуваат стартувањето, туку ја зголемуваат и удобноста во внатрешноста на возилото.

Замрзнатите врати, стакла и бришачи се друг проблем, кој ги нервира возачите во текот на зимата. Обидите со сила да е отворат за да се влезе во возилото можат да донесат успех, но има сериозен ризик бравите да го не издржат отворањето со голема сила. Поголема шанса за отворање на вратите има од страната која е под заветар или од капакот на багажникот кај хечбек возила или каравните. Најдобро е да се дејствува превентивно и гумените делови да се обработуваат периодично со течност што нема да замрзне како што е вазелин, антифриз или едноставно глицерин.

Најчесто проблемот со замрзнатите бришачи се решаваат со нивното кревање, иако така го привлекуваат погледот на вандали и крадци. Во овој случај, решението е само едно, а тоа значи дека треба да се почека шофершајбната да се затопли, па така да си ја заврши работата и бришачите да ги ослободи од мразот.

Често, дури и при вклучена вентилација, замаглувањето на стаклата останува. Основните причини за тоа можат да бидат запушен филтер или нечистотии и снег во кутијата за внесување на топол воздух пред шофершајбната. Чистењето на мразот, снегот, лисјата и сè друго, кое е собрано таму обично го решава проблемот.

Корисно во зимата е и климата да се пушта одвреме навреме. Тоа ги штити пломбите од сушење, а климатскиот систем од губење на притисок.


Не е добра идејата и после патување да се повлекува рачната кочница, со оглед на тоа што може да замрзне и да ги блокира тркалата. Во најголемите студови е корисно автомобилот да се остави во брзина, а ако е паркирана на нагорнина, некоја од предните гуми да биде блокирана со некој предмет.

Тоа не значи дека рачната кочница не треба воопшто да се користи во текот на зимата. Напротив, за да не се залепи, треба да се користи одвреме навреме. Ако некое од тркалата е замрзнато, не се обидувајте да го ослободите тегнење или удирање туку почекајте мразот да се растопи.

Понекогаш во текот на зимата има потреба автомобилот да биде паркиран во длабок снег, со оглед на тоа што нема други варијанти, а после ова во тркалата или воланот се појавуваат вибрации, чудни шумови и „чукање“. Тоа значи дека снего прво се има растопено на врвот на најжешките делови, после кое одново е замрзнат, образувјаќи дисбаланс. Решението во таков случај исто така е само едно миење со воден млаз под притисок, кој ќе ги страни ледените наслаги.