ПИСОНЕРО: ОНА ШТО ГО ИМА ВАРДАР НАВИСТИНА Е ИЗВОНРЕДНО, ВЕДНАШ ЈА ПОЧУВСТВУВАВ МАГИЈАТА ВО САЛАТА, ЕДВАЈ ЧЕКАМ ДА БИДЕ ПОЛНА

ИЗВОРСкопје24
|

Давид Писонеро новиот тренер на Вардар меѓу првите од тимот пристигна во Скопје пред почетокот на новата сезона. Пред утрешниот собир, тој за официјалниот сајт на Вардар пренесе дел од импресиите.

„Се чувствувам многу добро во Скопје. Тоа се моите први импресии од оваа недела колку сум тука. Веќе го запознавам и градот, и добив многу добра препорака од моите пријатели како добро место за работа и живеење, вели Писонеро и додава:

„Книгата за учење е мој најдобар пријател сега. Се разбира дека ќе дадам се од себе побрзо да научам. Тоа е особено важно за добрата комуникација. Засега добро ми оди, вели Писонеро.

И кога салата во СЦ „Јане Сандански“ не е полна се чувствува атмосферата, навивачкиот набој. Мирисот на двете европски титули го има низ сите ходници и соблекувални.

„ Она што го има Вардар е навистина извонредно. Кога влегов во салата се возбудив. Го гледаш ова култно место. Се изгледа поинаку кога си тука, на терен, на клупата и горе го гледаш семафорот, објаснува Писонеро. „Ракометот тука поинаку се доживува, се е посветено на овој спорт. Тоа е разликата со Шпанија.

Со шест нови ракометари сигурно ќе треба време да се подготви екипата. По Скопје, тимот заминува за Требиње на подготовки и турнир, па на крајот на август ќе игра на Супер Глоуб во Саудиска Арабија.

„Клубот направи добра работа што го задржи костурот и тимот на е исто ниво како и досега. Милам дека треба да се направат мали промени, и да се продолжи во истата насока.Засега тимот е тој што го имаме. Имам други работи да направам да ја склопам сложувалката., вели Писонеро.

СЕХА лигата и ЕХФ Лигата е главните предизвици за „црвено-црните”. Во СЕХА лигата тимот ќе биде во група со два нови тима, Мотор Запорожје и Татабања, заедно со Нексе, Татран и Војводина.

„СЕХА лигата секоја година се подобрува и станува многу силна. Тоа е добра основа за подготовка за ЛШ. Сега имаме и нови тимови како Веспрем, Мотор и Татабања и тие се добри. Има 8 екипи што секогаш можат да бидат во самиот врв. Затоа секој натпревар ќе биде интересен и неизвесен, смета Писонеро.

Во ЕХФ лигата на шампионите Вардар е во група со Веспрем, Кјелце, Мешков, Мотор, Монпелје, Порто и Кил.

„Во ЛШ ќе биде исто така неизвесно, можеби нема многу звучни имиња, но сите се подеднаков добри, доаѓа Келце, Веспрем, а тие играа на Ф4 турнирот. И Кил е голем клуб. Сите натпревари ќе бидат неизвесни и интересни, смета Писонеро.

Видеото погледнете го ОВДЕ.