Оскаровецот Том Хенкс (66) глумеше во речиси 100 филмови, но во новото интервју за магазинот People, тој рече дека мисли дека само четири од нив се прилично добри.
– Никој не знае како се прави филм, иако сите мислат дека знаат. Снимав еден куп филмови, а четири од нив се прилично добри, мислам. И уште сум изненаден како се прават филмови. Од идејата до сликата на екранот, целиот процес е чудо – изјави Хенкс.
Добитникот на Оскар го најави својот претстоен роман „Создавањето на уште едно големо филмско ремек дело“, кој ќе биде објавен на 9 мај 2023 година. Книгата е измислен приказ на снимањето на мултимилионскиот филм за суперхерои и стрипот што го инспирирал.
Хенкс глумеше во некои од најпознатите филмови во кинематографијата за време на неговата четиридецениска кариера, вклучувајќи ги „Форест Гамп“ и „Филаделфија“, што му донесе Оскар за најдобар актер, но не е јасно кој од неговите филмови актерот го смета за најдобар.
– Снимањето филм е многу напорна работа во многу долг временски период, кој се состои од толку многу моменти на радост наспроти еднаков број чувства на омраза кон себе. Тоа е најголемата работа на светот и најзбунувачката работа што ја знам – изјави актерот.