|
Фудбалерите на Болоња ја продолжуваат својата бајка, откако вчера во рамки од третото коло на Серија А забележаа херојска победа на гости кај тимот на Бреша (3-4).
Поради соодветното лекување, на клупата на Болоња не седеше српскиот стратег, Синиша Михајлпвиќ, кој мечот го следеше од болница. Сепак, фудбалерите по големиот триумф не го заборавија својот предводник и му приредија големо изненадување, откако се упатиле во болницата каде се лекува Михајловиќ и го скандирале неговото име.
По три одиграни кола Болоња е на втората позиција на табелата во Серија А, со две победи и едно реми.